Јанкулоска: Опозицијата станува власт само преку победа на избори

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во своето обраќање пред чуварите на демократијата рече дека единствен начин опозицијата да дојде на власт насекаде на светот е да победи на избори.

– Секоја опозиција во светот прави проценка која е најдобрата стратегија да придобие симпатиии од граѓаните, затоа што единствен начин опозицијата да стане власт е да победи на избори, се друго е импровизација и желба на некои што не се навикнати да добијат поддршка на избори, рече Јанкулоска.

Дебатирајќи со присутните во кампот на демократијата, Јанкулсока, истакна дека партијата СДСМ потекнува од еден друг систем кога немало избори, и потенцираше дека во денешно време единствен начин да се дојде на власт е да се победи на избори.

– Стратегијата на оваа опозиција е позната и таа е иста веќе девет години и јас одговарајќи на вашето прашање, ќе речам само дека не е слуајно што девет години се во опозиција, потенцираше таа.