Во последниве две предизборни недели, полицијата регистрирала само девет поситни конфликтни ситуации во градовите низ земјава, кои се однесуваат пред се’ на кршење стакла на штабови на политички партии.
Како покарактеристична случка, Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ја издвои тепачката што се случи на подрачјето на општина Аеродром, за што едно лице веќе добило кривична пријава.
За вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните, бројот на ангажирани полицајци ќе биде зголемен, така што секое избирачко место ќе биде покриено со претставници од МВР. Безбедноста во првиот круг на претседателски избори беше обезбедувана од 7.000 полицајци.
Дистрибуцијата на избирачкиот материјал кој почна вчера, веќе е завршена.
„Меѓу двата изборни круга, одржани се 62 предизборни митинзи и осум средби на граѓани, каде што прусуствувата над 40.000 граѓани, а за нивно обезбедувани биле ангажирани 150 полицајци. За парламентарните избори, политичките партии своите програми ги претставиле на 74 митинзи и седум средби со граѓани. На овие предизборни митинзи присуствувале над 60.000 граѓани, обезбедувани од 270 полициски службеници“, истакна Јанкулоска.
Таа посочи дека сите граѓани кои останале без лични документи а сакаат да го оставрат своето избирачки право ќе можат да извадат нови, бидејќи управните служби ќе им излезат во пресрет.
Јанкуловска воедно апалираше до гласачите за достоинствено однесување и без провокации во изборниот процес.
„ Со глед на тоа што во последните денови од кампањата во јавноста се присутни шпекулации дека одредени учесници во изборите апелираат до своите подржувачи на однесување што не е во согласност со заонот, во смисла на провокации и недолично однесување, од име на МВР апалирам до сите да се однесуваат достоинствено, да го искористат своето избирачо право на демократски начин и да овозможат сите други да го сторат истото“, посочи Јанкулоска.
За секој што ќе биде инволвиран во инциденти, Јанкулоска предупреди дека одговорноста ќе биде индивидуална и дека ниту лидерите на партиите нема да го спасат од одговорноста, за што се предвидени високи затворски казни.