
Носителот на листата во Изборната единица 2 Гордана Јанкулоска, денеска ја посети црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и од таму на сите христијани им го честита најголемиот празник- Христовото воскресение.
„Денес сме со граѓаните на Ѓорче Петров да си посакаме да веруваме во вредностите кои не водат низ животот, да си посакаме успеси, среќа и благосостојба помеѓу сите. Унијата на жени се погрижи да го разубавиме овој празничен ден, да се дружиме меѓу себе и да го прославиме онака како што доликува да се прославуваат големите христијански празници“, истакна Јанкулоска.
Јанкулоска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски и останатите граѓани, си го честитаа празникот, разменија бојадисани јајца и си посакаа здравје, среќа и мир во домовите.