Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска таа го посети добиточниот пазар во Куманово каде што оствари средба со продавачите на добиток.
На средбата Јанкулоска ги запозна со проектите кои ВМРО ДПМНЕ ги предвидува во програмата за следните четири година, а се однесуваат на оваа група.
„Во програмата предвидуваме намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто за добиточна храна и живи животни. Со оваа мерка директно ќе се стимулира производството на месо и млечни производи, а со тоа ќе се намали и зависноста од увоз на истото. Оваа важна мерка која е договорена во партнерство со македонскиот сточарски сектор, треба значително да придонесе кон зголемување на конкурентноста на сточарското производство преку намалувањето на трошоците на сточарите, кланиците и месната преработувачка индустрија, намалување на нелегалната трговија со товен добиток и намалување на увозот на месо за домашните потрошувачи“, истакна Јанкулоска.