Јанша за Заев и Церар: И двајцата ги украдоа изборите!

Лидерот на Словенечката Демократска Партија и поранешен премиер на Словенија, Јанез Јанша, на социјалната мрежа Твитер, денеска објави коментар за посетата на словенечкиот премиер во оставка, Миро Церар на Македонија.

Тој сподели фотографија од официјален пречек на Церар со премиерот Зоран Заев, со статус „И двајцата ги украдоа изборите“.