Јанукович и Путин нема да потпишуваат документи за Царинска унија

За време на седницата на украинско- руската државна комисија, што ќе се одржи на 17 декември во Москва, нема да бидат разгледувани документи за пристапување на Украина кон Царинска унија, изјавил премиерот на Украина Микола Азаров, пренесуваат локалните медиуми.

„Сите меѓудржавни документи се разгледуваат од Владата. Во овие документи кои се одобрени и испратени за разгледување во меѓудржавните комисија, нема ниту еден што дури индиректно е поврзан со Царинската унија. Тоа се шпекулации“, истакнал Азаров.

Премиерот истакнал дека документи што ќе бидат разгледувани, ќе бидат достапни за јавноста, бидејќи ниту еден од нив нема ознака за тајност.