Украинскиот претседател Виктор Јанукович смета дека политичката криза во Украина се’ уште не е завршена, но категорично е против, странските политичари да се обидуваат да ги водат Украинците како да живеат и да ги решаваат проблемите, пренесуваат локалните медиуми.
„Многу е важно во нашите внатрешни прашања да не се мешаат други земји, на плоштадот или не. Недозволиво е тука да доаѓа секој, да се изјаснува и да не’ учи како да живееме тука“, изјавил Јанукович .
„Украинската општество треба да направи заклучоци од политичката криза, а политичарите да ги поправат своите грешки, не да одат во кој и да е главен град во светот со подадена рака. Украинците не треба да се понижуваат така“, додал украинскиот претседател.