
Соборениот од власт, сега веќе поранешен претседател на Украина, Виктор Јанукович, не се крие на објекти и бродови на руската Црноморска флота во Крим, пренесе „РИА Новости“.
Оваа информација ја дал воен извор, а со неа се демантираат тврдењата во голем број медиуми дека украинскиот лидер се подготвува да отплови со руски воен брод и да избега од Украина.