Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, ги повика властите од Киев да се повлечат ја повлечат армијата од регионите на Донњецк, Луганск, Одеса и други делови на Источна Украина со што би се спречило насилството врз сопствениот народ.
Јанукович во своето денешно обраќање пред јавноста истакна дека огромно мнозинство од излегле на реферндумите и својот глас го дале за секаква вид на државност, само не онаква во која народот меѓу себе ќе се убива.
“Цел свет виде колку луѓе излегоа на референдумите. Вие можете да ги игнорирате резултатите, но ниту вие, ниту Европа, ниту некои други држави не можете да тврдите дека има терористи и да водите војна против сопствениот народ”, потенцира Јанукович.
Во реонот на Домбас, кој ги опфаќа регионите на Доњецк и Луганск, вчера се одржаа референдуми за самоопределување на кои според податоците на проруските сепаратисти, кои го организираа изјаснувањето, огромно мнозинство од жителите се изјасниле позитивно.
Според комисијата во Доњецк, за самоуправување се изјасниле 89 отсто од гласачите, додека 10 отсто биле против. Во Луганск, пак, 96 отсто биле за, а нешто над 3 отсто се изјасниле против.
Руските сепаратистички власти во овие региони најавија дека сега нема никаква основа за учество на украинските претседателски избори што се закажани за 25 мај.