„Јапан тајмс“ со специјален текст за независноста на Македонија

„Јапан тајмс“ со специјален текст за независноста на Македонија
„Јапан тајмс“ со специјален текст за независноста на Македонија

Во најтиражниот весник на англиски јазик во Јапонија „Јапан Тајмс“ денеска е објавен специјален текст по повод независноста на Република Македонија, пренесува МИА.

„Јапан Тајмс“ излегува и се распространува заедно со New York Times International во преку 38 земји.

Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Јапонија, ова е прв пат овој весник да објави текст за Република Македонија, во позитивна светлина и во пресрет на нашиот голем национален празник.

Во текстот честитка упати првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија Андријана Цветковиќ, сумирајќи ги односите меѓу двете земји и најавувајќи нова фаза на културно и економско партнерство помеѓу Јапонија и Македонија во годините кои следуваат. Исто така честитајќи им го празникот на сите Македоници, се обраќа и претседателот на јапонско македонското друштво за пријателство Фумио Фуруја.