Македонски железници со јапoнско искуство ќе ја развиваат железничката инфраструктура.
Генералниот директор на Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура, Ирфан Асани со своите соработници а придржуван од македонскиот амбасадор во Јапонија Андриана Цветковиќ, прв пат во историјата на македонските железници ја посетија јапанската железничка компанија East Japan Railway Company.
Според прикажаните резултати во 2014 East Japan Railway Company поседува 7452 километри пруга и 1.665 железнички станици низ која дневно се превезуваат 17 милиони патници.
Македонската делегација беше пречекана од почесниот конзул на Република Македонија во Токио, Масатаке Матакуда кој многу години бил на чело на јапонските железници.
Асани на средбата со директорите за меѓунардни односи и финансии Јузи Фукушава и Тору Такахаши, размениле идеи и искуства кои воедно се и основа според кои и ќе се официјализира соработката меѓу двете компании.
Асани од директорите добил ветување, според која јапанската компанија East Japan Railway Company, во краток временски период на македонските железници ќе и даде силна и конкретна подршка за развојот и модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија.
Делегацијата на македонските железници го посетија и центарот за организација на железничкиот систем и тоа за сообраќај, електрокомуникации, одржување и менаџирање со итните случаи, процес кој е ставен во агендата за обуките кои ќе следуваат.
Во проделжение на посетата директорот Асани ја посетил и главната железничка станица во Токио каде беше пречекан од Такаши Етох, шеф на оваа станица која воедно е најголема во Јапонија низ која дневно се транспортираат повеќе од 8 милиони патници.
Соговорниците разменија мислења и околу реконструкција на железничката станица во Скопје, при што од јапанската компанија беше кажано дека реконструкцијата на станицата во Скопје ќе овозможи давање на современи услуги во насока на зголемување на бројот на патници кои ќе го користат железничкиот сообраќај.
Посетата на македонската делегацијиа продолжи со презентација на методите за обука на вработените во железничката компанија East Japan Railway Company.
Асани на своите домаќини им презентираше план за обука на вработените во Македонските железници во неколку облаасти и тоа во сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација како и и системи за контролирање на ситуацијата долж целата пруга.
Двете страни се согласија планот за обука да почне во најкраток можен рок со кој се предвидува една група вработени во македонските железници да оди на обука во оваа јапанска железничка компанија.