Јапонците ќе го кратат работното време со слободни утра во понеделниците

Јапонската влада ги замоли компаниите и работодавачите да им дадат слободно утро на своите вработени секој понеделник за да можат да поработат на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, пишува Гардијан.

Општо е познато дека јапонските работници се премногу зафатени и немаат личен живот.
„Одлични понеделници“, како што тоа се нарекува идејата на владата би требало да ги намали очекувањата од  јапонските работници, но се што досега се обиделе , како што е со скратено работно време во петокот, никогаш не дало резултати.

„Одличните понеделници„ се надоврзуваат на „Премиум петоци“, кога  вработените добија можност да ја напуштат работата еден час порано последниот петок во месецот, за да поминат повеќе време со семејството, и  во најдобар случај во шопинг за да се пополни државната каса.

Според новата идеја, првиот понеделник во месецот вработените може да спијат подолго и да дојдат на работа попладне, а проектот бил тестиран во  едно министерство. Една третина од вработените можеле да дојдат на работа по ручекот, а властите истакнале дека изостанокот на неколку илјади вработени не влијаел негативно на работата на целото министерство.

Но останува да се види колку компаниите ќе го сторат истото. Една година по воведувањето на „Премиум  петоци“, студијата покажала дека само 11,2 отсто од работниците си отишле порано од работа, а компаниите се жалеле дека на крајот на месецот  имаат премногу работа за да можат туку така да ги пуштат работниците да си заминат дома порано.

Јапонија мораше да се соочи со последиците на интензивната работа култура откако  24-годишниот Такахаши Матсури изврши самоубиство бидејќи три месеци претходно работел над 100 часа прекувремена работа. Јапонија е единствената земја која има посебно име за смртта од премногу работа- кароши.