Јапонскиот премиер Шинзо Абе денес изјавил дека Јапонија повторно ќе го покрене ловот на китови и покрај забраната на Меѓународниот кривичен суд за забрана на лов на китови на Антарктикот, пренесуваат медиумите.
„Мојата цел е продолжување на ловот на китови во комерцијални цели и научно истражување на таа врста“, рекол Абе во парламентот и додал дека ќе го предочи јапонскиот став на меѓународната заедница бидејќи е традиција на Јапонија да лови и јаде китови.
Меѓународниот суд на правдата на 31 март нареди на Јапонија да го прекине ловот на китови на Антарктикот, оценувајќи дека е тоа комерцијална активност, а не научно истражување, како што тврди Токио.
И покрај тврдењето дека ловот на китови е во научна сврха, Јапонија не крие дека многу китови завршуваат во рестораните.
Меѓународната комисија за лов на китови го забранило ловот во комерцијални цели, но земјите како Јапонија, Норвешка и Исланд сепак ловак киотви под различни изг вори, користејќи ги дупките во прописите.
Сезоната на лов на китови трае од 1-ви април до 30-ти септември.