Јапонија го усвои најголемиот буџет во историјата

Властите во Јапонија денеска го усвоија најголемиот буџет во историјата на земјата.

Владата на јапонскиот премиер Шинзо Абе го усвои буџетот кој што предвидува потрошувачка од 95,88 милиои јени односно 922 милијарди долари за следната година.

Предвидениот буџет е најголемиот во историјата на Јапонија и е резултат на измена во сметководствените прописи и данокот на промет, кои од први април следната година ќе бидат зголемени од пет на осум отсто.

Најголемиот дел од дополнителните приходи ќе дојдат од зголемување на данокот на промет, а тие средства ќе бидат потребни за покривање на трошоците за социјална заштита.