Фудбалерите на Јапонија ја победија Колумбија со 2:1 во првиот меч од групата „Х“, иако четвртфиналистот од минатиот Мундијал важеше за фааворит. Јапонците почнаа фуриозно па по во третата минута Карлос Санчез играше со рака во својот шеснаесетник додека топката одеше во празниот гол. Судијата Скомина без размислување покажа пенал за Јапонија и му даде црвен картон на Кулумбиецот. Шинџи Кагава беше прецизен од белата точка и донесе водство на Јапонија од 1:0. Само неколку минути подоцна и Инуи биеше покрај стативата. Ова беше прв црвен картон на Мундијалот, а беше покажан по две минути и 56 секунди игра, што е второ најбрзо исклучување во мундијалската историја.
Колумбијците жестоко нападнаа, иако со десет фудбалери, но не успеаја да изедначат. Сепак, во 39 минута Кинтеро погоди од слободен удар од 20-ина метри во стилот на Роналдињо. Топката одеше ниско под живиот ѕид, а голманот на Јапонија доцна се фрли и не успеа да го одбрани ударот. Тој ја фати топката зад гол линијата, но беше очигледно дека цо цел обем и десетина сантиметри е во голот на Јапонија.
Во второто полувреме во игра за Колумбија влезе фудбалерот на „Баерн“, Хамес Родригез, кој беше најавен како стартер, но Јапонците одиграа подобро. Очигледно дека Колумбијците паднаа на физички план поради играчот помалку, па Јапонците доминираа.
По корнер во 73 минута Осако надскока тројца Колумбијци и со глава ја погоди мрежата на Оспина. Во продолжение Колумбијците притиснаа, а Родригез имаше убава шанса, но Јапонците се одбранија.
Тие по голот не форсираа и со квалитетна одбрана го задржаа водството.