По 34 години поминати во ќелија, поради издржување на доживотна казна во Јапонија на слобода беше пуштен еден од најпознатите затвореници во земјата. Седумдесет и осумгодишниот Ивао Хакамада кој уште минатиот век е осуден на смрт за убиство, вчера беше ослободен, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Окружниот суд во градот Сидзуока одлучи повторно да го отвори случајот и да ги преразгледа доказите. Судот исто така ја поништи смртната пресуда и нареди затвореникот да биде ослободен.