Јапонија: Супертајфун се приближува кон островот Окинава

Супертајфунот „Неогури“ се приближува кон островот Окинава во најжниот дел на Јапонија со ветрови со брзина до 270 километри на час, соопшти јапонскиот метеоролошки центар.

„Неогури“ е на околу 300 километри јужно од островот, што се очекува да го погоди утре изутрина, покажуваат најновите податоци на центарот.

Метеоролозите не ја исклучуваат можноста тајфунот да го погоди и самиот архипелаг, иако со помала јачина. Според метеоролозите „Нијагури“ е најсилниот тајфун во изминатите десет години.