Втората снежна бура во последните седум дена погоди повеќе делови во Јапонија, а илјадници лица се заглавени на патиштата, а бројот на мртви се искачил на 23.
Во одредени области во прекин е железничкиот сообраќај откако во централниот дел на Јапонија снежната бура на Денот на вљубените донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна снежна покривка, втора недела по ред.
Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши снежната покривка достигнала 1,1 метри снег, што е рекорд во последните 100 години колку што се води ваква статистика. Помалку снег има во источниот и североисточниот дел на Јапонија, додека во Токио наврнале околу 27 сантиметри снег, а престолнината ја погоди најлошата снежна бура во последните 45 години.