Бројни факултети за општествени науки во Јапонија ќе бидат затворени за да може со високото образование во земјата подобро да се покријат „подрачјата што подобро му служат на општеството“, пишува он-лајн изданието на неделникот „Капитал“, пренесува Нетпрес.
Од 60 државни факултети што нудат предавања од подрачјето на општествените науки, по налог на јапонската Влада дури 26 ќе бидат затворени или ќе го намалат бројот на студиите. Министерот за образование Хакубан Шимомура испратил соопштение до сите јапонски универзитети наложувајќи им да укинат повеќе општествени предмети или да ги прилагодат за подобро да му служат на јавниот интерес.
Најпрестижните факултети во Токио и во Кјото одбиле да ја спроведат наредбата на Владата, сметајќи дека е насочена против интелекуалците. А, 17 факултети покажале слух за чекорот на Владата и повеќе нема да примаат студенти заинтересирани за општествените науки, вклучувајќи ги и правото и економијата.
Во Јапонија доминантното мислење е дека одлуката на премиерот Шинзо Абе цели кон промовирање на стручно образование за младите.