Грант во вредност од 500.000 долари за Македонија и Србија. Владата на Јапонија донесе одлука да обезбеди неповратна помош за двете земји, наменета за справување со кризата со мигрантите. За ова информира канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) преку која ќе биде спроведена итната помош.
Проектот, според соопштението, има цел да ги поддржи постојните напори на владите на Македонија и на Србија да ги адресираат најитните потреби и приоритети за адресирање на тековната миграциска состојба во овие земји.
Проектните активности вклучуваат развој на информативни материјали, обуки, подршка на социјалните служби при транспорт на ранливите категории на мигранти, како и подобрување на условите за прифат на бегалците и мигрантите, се вели во соопштението.