Јапонски научници се обидуваат да разработат метод за рано дијагностицирање на 13 видови на рак со помош на обична анализа на крвта.
Вредноста на проектот изнесува 57 милиони евра и ќе придонесе за откривање на рак на дојката, абдоменот, коските, белите дробови, црниот дроб, жолчката, панкреасот, дебелото црево, јајниците, простата и мочниот меур.
Методот ќе може да помогне и за рано откривање на дегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.
Станува збор за анализа на микрорибонуклеинска киселина (микроРНК), чие зголемување се претпоставува дека е знак за развој на карциномот.
Во овој проект ќе учествуваат 65.000 пациенти, кои ќе бидат избрани од јапонскиот Национален центар за карцином.