Руската Федерална медицинско-биолошки агенција не добила барања од палестинската страна за спроведување на повторна експертиза на посмртните останки на Јасер Арафат, соопштил шефот на службата Владимир Ујба, цитиран од „Интерфакс“.
„Не сме добиле ново барање. Веќе ја завршивме експертизата и сите се согласуваат со нас. Дури Швајцарците ги повлекоа своите изјави и се согласија со нас, Французите исто така ги потврдија нашите заклучоци“, посочи Ујба, додавајќи дека Јасер Арафат не починал од радијациско влијание, туку од природна смрт.