СДСМ ја распродава државата по сите основи. Република Македонија две години оди надолу. Неколку нерасветлени убиства откако СДСМ е на власт, а министерот за политички прогон Спасовски не презема ништо за да ги заштити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир, изјави денеска пред Владата на Република Македонија Јован Јаулески, в.д. Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаулески посточи дека животните трошоци се’ се поголеми, а платите остануваат исти, како и дека бесперспективноста кај младите расте. Ветуваа дека ќе ги вратат иселените, а сега си заминуваат и тие што останаа,
Економијата е зацрнета. Младинската невработеност е највисока во Европа. Од така наречената младинска гаранција нема ни М. Младите го завршуваат своето образование и разочарани ја напуштаат Република Македонија. Оние кои ќе решат да останат и да се надеваат на подобро утре се гушат во црниот воздух, чија загаденост е неколкукратно поголема од нормалното, а владата за тоа не нуди мерки и решенија, бара донации од бизнисмените за работа која треба да се финансира од буџетот, потенцираше Јаулески и додаде:
„Загадувањето ќе го спречуваат со донации, а не кажуваат каде ќе одат парите од даноци. Државата стана рекордер во корупција. Граѓаните се помалку им веруваат на институциите. Давачките рапидно се зголемуваат, а со тоа се удира врз секој млад и висококвалификуван кадар кој решил да твори, работи и создава во Република Македонија. Се удира врз ИТ инженерите, младите лекари, стоматолозите итн.“
Јаулески подвлече дека образованието е девастирано и оставено на заборавот на времето, а две години нема ниту една инвестиција, нема нови студентски домови, нема студентски градови, нема подобар стандард за студентите, нема ништо.
Има само црно црнило. Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме. Граѓаните ја чекаат зората. Ајде сите заедно да го поразиме црнилото. Во среда, во 17 часот приклучете ни се на протестниот марш против сите штетни и антидржавни политики на оваа црна влада. Зората ќе изгрее. Македонија ќе оди напред, заклучи Јаулески.