Политиката на СДС е лицемерна. Лицемерието на СДС највеќе на свој грб ќе го почувствуваат студентите. СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите низ државата, а ветуваше подобри услови во високото образование, изјави во средата велат Јован Јаулески, член на Извршниот комитет на Унијата на малдите сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев, Десковска, Туфегџиќ, Богоев и останатите во текот на изборите ветуваа квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега од позиција на власт само блокираат инфраструктурни проекти, укинуваат мерки и кратат финансии за образованието. СДС скрати цели 30 отсто од буџетот за универзитетот во Охрид. СДС крати и 50% од парите наменети за ФИНКИ. Ниту Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ не останаа имуни на негрижата од страна на СДС. За жал од оваа негрижа највеќе ќе страдаат студентите“, истакна Јаулески.
Десковска, додеаде претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, како министер доаѓа од позицијата професор на правниот факултет.
„Таа во предизборието ги лажеше студентите и младите дека тие ќе бидат на прв план во новата влада на СДС, а сега истата таа професорка од позиција на министер, по насока на Заев крати 213 милиони денари од парите наменети за високо образовните институции. Тоа е лицемерие на дело“, рече Јаулески/
„Заев пред и за изборите од уста не ги вадеше младите, како истите ќе биле негов приоритет и обврска, сега се што направи за младите е во насока на уназадување и отежнување на нивните права и услови. Владата на СДС не е реформска, таа е антиреформска. Владата на СДС не носи прогрес во образованието, таа носи помалку стагнација, а повеќе уназадување. Студентите се свесни веќе дека се изманипулирани од страна на СДС. Тоа нема да им го простат во ниту еден случај“, заклучи Јаулески.