Јавен повик до креаторите да изработат униформи за Градскиот дувачки орекстар

Универзална сала-Скопjе, во соработка со проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“ по пат на јавен повик ги поканува модните креатори од нашата земја да земат учество за изработка на дизајн за униформи на членовите на Градскиот дувачки орекстар на Град Скопје.

Проектот има за цел да го поттикне креативниот сектор од областа на модниот дизајн, да создадат високо квалитетни решенија, кои ќе се одликуваат со иновативност, оригинална ликовна изразност и впечатливост.

За најдоброто идејно решение ќе одлучува три члена жири комисија, а прво пласираниот дизајн ќе добие награда од во висина од 60 илјади денари.

Јавниот повик трае до први септември, а условите и пропозициите за учество може да се најдат на веб платофрмата www.skopjkreativa.mk или на www.univerzalna.com.mk