Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето гостување во емисијата „Отворено“ на 24 Телевизија, на многуте логични прашања поставени од гостите, водителот и публиката, сепак не успеа да даде ниеден конкретен одговор. Но таква ни била среќата да добиеме Министер за Финансии кој е претерано оптимистичен, но без елементарни познавања потребни да ја врши својата функцијата, пишува Денешен.
Во самиот почеток не пропушти да се пофали за повратокот на ДДВ, кој го исплати новата Влада од буџетот кој го наследи од претходната на ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот настана кога јавно изјави дека незнаел дека во буџетот воопшто постои такво нешто како бруто ДДВ.
„Јас тоа не го знаев, го сфатив кога влегов во министерството за финансии. Практично има бруто ДДВ, тоа е колку вушност државата собира по основ на ДДВ, а во сите извештаи се известува нето ДДВ, тоа е бруто ДДВ минус повратот“, изјави министерот за Финансии Тевдовски, кој инаку е професор на економскиот факултет во Скопје, меѓутоа не знае за постоењето на различните категории на ДДВ.
Нејасно е зошто СДСМ за една од најважните функции во Владата на позиција ставила човек кој нема основни економски познавања поврзани со буџетот со кој тој треба да раководи.
Тевдовски беше контрадикторен во текот на целата емисија, исто како и неговиот партиски шеф Заев, тој рече дека планира кратење на непродуктивното трошење, а во исто време вели дека планира да потроши 16 милиони евра за МРТВ поради укинувањето на радиодифузната такса. ,, Како ние ќе кратиме кога прва мерка ќе биде укнување на радиодифузна такса за која од буџетот за МРТВ ќе одат нови 16 милиони евра ’’, – Инструкцијата е неефикасните трошења да се одстранат, продолжува Тевдовски.
Тевдовски тврди дека во јавната администрација има неефикасно вработени луѓе: ,, Во администрацијата имаме делови каде се неефикасно вработени луѓе ‘’ и со тоа практично најавува нови отпуштања во истата.
Дали за новата Влада давањето на плата на граѓаните вработени во јавна администрација е непродуктивен трошок, а финансирањето на МРТВ за ширење на пропаганда го смета за продуктивен трошок, е прашање на кое новата „транспарентна власт“ треба да го одговори.
Тевдовски немаше одговор на прашањето кои капитални инвестиции ќе ги спроведе новата Влада, но затоа одговори дека некои капитални инвестиции ќе се прекинат и дека поради тоа ќе се плаќаат казни поради раскинатите договори. Тој најверојатно мисли на прекинувањето на изградбата на новиот клинички центар која ја најави Заев во своето интервју на МРТВ.
https://www.youtube.com/watch?v=Ijq15AeiZZY