Случајот на свирепото убиство на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ и понатаму ја интригира јавноста во регионот.
Белградската поилиција секојдневно го пребарувала насипот во борчанската населба Црвенка каде Јелена во сабота на 2-ри април го истрчала последниот круг, а инспекторите во меѓувреме временски го реконструирале целиот настан и утврдиле дека Јелена била свирепо убиена во рок од најмногу 7 минути по полседниот разговор што го водела тоа попладне, а тоа бил разговорот со мајка и’ Зорица.
Таа и’ рекла на мајка и’ дека ќе истрча уште еден круг и дека ќе дојде кај неа, а полицијата сега се обидува да утврди и што и рекла таа на мајка и’ во последниот разговор – од збор со збор – дали уште ќе трчи, дали сеуште е ена насипот… Полицијата верува дека од голема помош би било доколку ги дознаат дословно зборовите што таа ги изговорила во тој разговор затоа што ако таа на мајка и’ и рекла дека е на насипот тоа би значело дека убиецот ја убил 7 минути потоа на истото место.
Ако не, постои можност таа по разговорот да била киднапирана, однесена, убиена на друго место, а нејзиното тело потоа да било фрлено во каналот.