Јелена Ѓоковиќ на Твитер објави текст во кој упатува совет до родителите. Таа советува дека малите деца треба да обработуваат дрво за да се развие нивната креативност. Како пример ја посочила детската градинка во Бристол, Велика Британија, каде децата често вежбаат да станат вистински мајстори.
Во текстот кој го шерувала на профилот на нејзиниот сопруг, Новак Ѓоковиќ, пишува дека оваа градинка ја открила значајноста на обработка на дрво во претшколската возраст. Вработените во градинката ги следат децата како работат и се увериле дека тие создаваат, градат, играат, а притоа ја развиваат креативноста, имагинацијата и градат чувство на самопочит.
Со децата работи скулптурот и дрводелец Пит Мурхаус.
-Забележав дека децата цветаат и се развиваат подобро отколку во другите програми за образование. Со алатките и дрвото нив им е навистина возбудливо да учат. Кога ќе го совладаат бушењето и шмирглањето тие се чувствуваат искусни и имаат огромна количина самопочит, објаснила Лиз Џенкинс, педагог во британската градинка.
Дали ова значи дека синот на Јелена и Новак, Стефан ќе биде мал мајстор како дечињата од градинката во Бристол? Би било навистина интересно да ги видиме тато Новак и Стефан како создаваат сериозни мајстории од дрво.