Билансот на загинати за време на обидот за воен удар во Турција достигна 265 лица, соопшти денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим, пренесе МИА.
Како што јави ДПА, Јилдирим нагласи дека од вкупниот број загинати, 161 биле припадници на силите лојални на Владата или цивили.
Турскиот премиер истакна и дека во врска со обидот за воен удар од минатата ноќ, досега се приведени вкупно 2.839 припадници на Армијата на Турција.
Јилдирим ги повика турските граѓани деднеска да излезат масовно на улиците и плоштадите во градовите ширум земјата и да ги развејат знамињата на Турција.
Тој посочи дека народот мината ноќ го дал најдобриот одговор на „терорисите“, додавајќи дека овој настан сепак ќе фрли „црна дамка“ на турската демокартија.