Јилдирим: Референдумот ја покажа волјата на народот, дебатата е завршена

Актуелниот премиер на Турција, Бинали Јилдирим, изјави во вторникот дека обинувањата за наводни неправилности при изјаснувањето на избирачите на неделниот референдум кога се гласаше за уставните реформи со кои се минува од парламентарен на претседателски избор претставуваат „празен обид“ за фрлање сомнежи врз резултатите од гласовите, по што главната опозициска партија најави дека ќе бара поништување на референдумот.

„На избирачките места беше изразена волјата на народот и расправата за тоа е завршена. Сите мора да ги почитуваат резултаите од референдумот, особено главната опозициска партија“, истакна турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Главната секуларна опозициска партија, Народната републиканската партија (CHP), повика во понеделникот на поништување на референдумот со кој се зајакнуваат овластувањата на шефот на државата. Најави жалби до општинските изборни власти и Врховниот изборен совет и, зависно од нивните одговори, до турскиот Уставен суд, до Европскиот суд за човекови права и секоја друга домашна и меѓународна релевантна институција.

Од CHP за вторник попладнето најавија дека пред Врховниот изборен совер ќе му ги претстави своите аргументи, со коишто бара поништување на резултатите од референдумот. Нејзиниот потпретседател Булент Тезчан изјави дека партијата примила жалби од многу региони дека гласачите не можеле да имаат приватност во гласањето и дека некои гласачки ливчиња биле тајно броени. Додаде, исто така, дека одлуката на главната изборна комисија да ги признае коверите со избирачките ливчиња без печат е незаконска.

Челникот на Врховниот изборен совет (YSK), Сади Ѓувен, ноќта кон понеделникот рече дека главното изборно тело ќе ги смета за валидни и гласачките ливчиња кои со печат не ги потврдиле избирачките комисии, освен доколку не се докаже дека се лажни. Со тоа одговори на многубројните обвинувања и жалби, а една поднесе и владејачката Партија на правото и развојот (AKP), дека службениците на избирачките места не ставале печат на сите гласачки ливчиња. Објасни дека таквите пракси биле одамна применувани.

Противниците на уставните промени протестираа дека во последниот момент донесената одлука за валидноста на гласачките ливчиња без печат ја доведува во прашање веродостојноста на резултатот од плебисцитот. Челникот на YSK на тоа одговори дека одлуката била донесена пред почетокот на пребројувањето на гласачите ливчиња и оти претставниците на владејачката и на главните опозициски партии биле на сите избирачки места и ги потпишале извештаите. Според него, официјалните резултати се очекуваат за 11 до 12 дена.

Со Ѓувен не се согласи здружението на турските адвокатски комори, кое смета дека одлуката на централната изборна комисија претставувала јасно кршење на законот. „По таа незаконска одлука функционерите на избирачките места мамеле дека користењето на ковертите со избирачките ливчиња без печат се во ред“, се наведува во соопштението на Сојузот на турските адвокатски комори.

На референдумот беа прифатени уставните реформи кои ќе го воведат претседателскиот систем, но резултатот беше тесен, со 51,4 отсто при одѕив од 86 отсто од речиси 55 милиони турски гласачи. Според податоците, во трите најголеми градови Истанбул, Анкара и Измир, пак, тесно победиле противниците на уставните промени.