Утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, се жалеле на болки во стомакот, повраќање и вртоглавица, соопштуваат од Јавното обвинителство на РМ.
Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската, а дел се префрлени во гостиварската болница, за укажување на соодветна лекарска помош.
Според првичните информации затруени се 220 работници од фабриката Леар во ТИРЗ -Тетово кои биле трета смена на работа. Од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично.