Јокиќ на чекор до Олајџувон

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (22) е на чекор од рекордот на еден од најголемите центри во НБА лигата, Хаким Олајџувон, според бројот на остварени „трипл дабл“ ефекти по синоќешниот натпревар на „Денвер“ против „Сакременто“. Србинот за 17 минути игра  постигна 20 поени, 11 скока и десет асистенции во победата на неговата екипа против „Сакременто“.

На овој начин Јокиќ го оствари својот седми „трипл дабл“ оваа сезона, а 13 во кариерата, со што е на чекор од  Хаким Олајџувон, кој има 14 остварени двоцифрени ефекти во три статистички категории, на листата на најдобри центри родени надвор од САД.

https://www.youtube.com/watch?v=DoO8s1QsG2Y

По Нигериецот и Србинот следат Дикембе Мутомбо од Конго со десет и Пол Гасол со 8 остварени трипл дабл ефекти.

Она што е интересно е дека Јокиќ до својот 13 трипл дабл стигна во 213 натпревари во најсилната кошаркарска лига, а Олајџувон до својот 213 натпревар имал само два двоцифрени ефекти.

Српскиот центар сезонава има просек од 19,8 поени, 10,5 скокови и 8,1 асистенција по натпревар, како и 56,5 отсто успешност на шутот. Во досегашниот тек од сезоната најмногу натпревари со трипл дабл ефект имаат само Расел Вестбрук(19) и Леброн Џејмс (13).