Јокиќ останува во „Денвер“ за 148 милиони долари

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ официјално потпиша нов, петгодишен договор со „Денвер Нагетс“ во вредност од 148 милиони долари и на тој начин стана најплатениот српски спортист во историјата.

Многу сум среќен што останаувам во Денвер уште многу години, а чувството е неверојатно. Овој клуб веруваше во мене во 2014 година и сакам да им се заблагодарам на сите за нивната поддршка во изминатите три сезони, рече Јокиќ по потпишувањето на профитабилната соработка.

„Нагетс“ го избраа 23-годишниот српски центар како 41-ви пик на драфтот 2014 година, за да една година подоцна го облече нивниот дрес.

Во меѓувреме, тој стана главен играч на тимот од Колорадо. Јокиќ во изминатата сезона имаше просек од 18,5 поени, 10,7 скока и 6,1 асистенции по натпревар за што од менаџерите на „Нагетс“ доби максимален договор.