
Иако по потекло е од Шпанија, сопругата на репрезентативецот на Холандија, Весли Снајдер, Јоланта Кабау, веднаш по натпреварот помеѓу репрезентациите на Холандија и Шпанија, кој заврши со убедлив триумф на “лалињата”, за шпанските медиуми изјави дека избраниците на Луи ван Гал на најдобар можен начин се реванширале за поразот во финалниот натпревар од пред четри години.
„Е ова се вика одмазда”, прокоментира Јоланта но додаде дека и понатаму се чуствува Шпанка но не можела да ја сокрие големата радост поради историскиот триумф на нејзиниот сопруг.