Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе присуствува на 51. Саем за воздухопловство и вселенска технологија „Ле Бурже“ што се одржува во Париз.
Во рамки на посетата на Париз, министерот Јолевски ќе се сретне и со државниот секретар во Министерството за одбрана на Француската република, Жан – Марк Тодешини.
Интернационалниот саем за воздухопловство и вселенска технологија се одржува веќе стотина години и е еден од најголемите и најстарите воздухопловни саеми во светот.