Јолевски: Се реши статусот на професионалните војници

На сите поранешни професионални војници им се реши статусот, имено со неколку законски решенија се реши статусот на овие војници. Прво се промени законот со 45- годишна возраст се престанува со ангажманот во Армијата, меѓутоа Владата се обврзува да им најде работа во други државни институции на сите овие војници, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Исто така со припадниците на АРМ кои што претходно со возраст од 35 односно 38 години ја напуштија Армијата, Владата со два законски акти го реши нивниот статус и ги примивме прво сите кои што не беа вработени на 31.12. 2014 година, ги вративме назад во Армијата на Република на Макеоднија и во Министерството, а втората група беа сите припадници на Армијата на Република Македонија на кои што им престана нивниот ангажман и имаа работа во 31. 12. 2014 година, а изразија желба да се вработат во државните иснтитуции, истото тоа го сторивме. Што особено како министер ме радува фактот што оваа втората група на припадници на Армијата кои ги примивме, државните институции изразија желба да ги примат бидејќи тоа се високо обичени припадници на Армијата на Република Македонија. Ние за да имаме силна армија битни се два елементи, високо обучени припадници на Армијата и модерно опремена армија. За да имаме високо обучени припадници на Армијата на Република Макеоднија ја рестартиравме Воената академија и таа воена академија не е само за македонските вооружени сили, туку имаме регрути, односно припадници на армите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, кои што се обучуваат на нашата Воена академија. Веќе испративме први два питомци кои што ќе поминат еден семестар на најстарата воена академија во САД Норвич. Пред два дена го добив извештајот од нивните први резултати, беа најдобри во нивната класа, што покажува дека имаме многу квалитетни питомци во нашата Воената Академија. Исто така во рамките на мандатот на ВМРО, како политичка партија на власт, формиравме Центар за обука на пилоти на хеликоптери, почнавме процес за модернизација на армијата на Република Македонија, така да навлегуваме во процес на опремување на Армијата на Република Македoнија.