
Две години се манипулира дека се уредува коритото на реката Отиња во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт , истакна Иван Јорданов, член на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Јорданов посочи и документираше дека во општината Ново Село актуел ниот градоначалник неколкупати досега во изминатите две годни се фотографирал и манипулирал со јавноста дека наводно интензивно се работи на уредување на коритото на река Отиња и дека истото е во завршна фаза.
„Ова е евидентирано на 1 март 2018 година. Исто така, од ова место е евидентирано дека на 17 август 2018 година, на истото ова место е приложено и прикажано одвивање на градежни активности со цел уредување на коритото на река Отиња. Замислете, две години се манипулира дека се уредува коритото во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт. Жителите на оваа населба знаат дека се заборавени и излажани од страна Локалната самоуправа и градоначалникот“, рече Јорданов.
Рече дека крајно време е локалната власт да биде одговорна пред граѓаните и да најдат сили конешно да го завршат што претходниците го започнале.