ВМРО-ДПМНЕ на легитимен и демократски начин поднесе амандмани на Законот за јазиците во Собранието, коишто, пак, на недемократски начин беа фрлени во контејнер, рече во понеделникот Иван Јорданов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој гостуваше во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија беше
„Поднесувањето на 35 илјади амандмани е начин, стратегија на еден легитимен демократски начин на делување на нашата пратеничка група воедно во вакви недемократски услови. Она што се случи во текот на вчерашниот ден и при самото поднесување на амандманите од нашата пратеничка група, фрлањето на амандманите во контејнер е на еден симболичен начин фрлање на демократијата во Република Македонија“, потенцираше Јорданов.
Истакна дека поднесувањето на амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ значи аргументирање на она што го посочуваат во јавноста, а тоа е дека овој закон кој што треба да се донесе е неуставен и не може на ваков начин да биде донесен.
„Нашата цел со овие амандмани е да направиме корекција на моментално предложениот закон за употреба на јазиците. На овој начин да не дозволиме продлабочување и на така кревката средина во која што живееме. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ има голема одгвоорност во целиот процес и дека на овој начин, со враќањето во Собранието ќе успееме да го преточиме тоа јавноста. Да ја повикаме експертската јавност исто така да се вклучи“, рече Јорданов.