Лишени од слобода три лица чиј идентитет е утврден со помош на фотографии, објавени од МВР со одобрение од Јавното обвинителство, а инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија од 27 април, информира вечерва Јавното обвинителство на Република Македонија.
-Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на ЈО, трите лица се лишени од слобода, се наведува во соопштението на ЈОРМ.
Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка, по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи.