Јотовски елиминиран во поединечна конкуренција, следува полуфинале во двојки

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски денеска беше елиминиран од турнирот кој се одржува во Карлскрона, Шведска.

Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето, и беше поразен од германскиот тенисер Тимон Рајхелт со 2:0 во сетови (6:1, 6:1).

За македонскиот тенисер единствена утеха останува настапот во двојки, заедно со Милош Секулиќ, каде во полуфинален натпревар, ќе ги одмерат силите против британскиот двоец, кој воедно е втор носител, Ричард Геб и Ендру Битлис.

Јотовски и Секулиќ во 1/4 финалето беа подобри од холандските тенисери Колин Ван Бим и Јеле Селс, кои ги совладаа со 6:4 и 6:1.