Македонскиот тенисер Томислав Јотовски бележи скок на најновата АТП листа. Нашиот репрезентативец иако периодов немаше настапи на турнири, сепак дојде до својот најдобар ранг во кариерата и со 57 поени се наоѓа на 558-то место со скок од четири позиции.
Ист напредок од четири места имаат и Димитар Грабул, кој се наоѓа на 626-тото место со 42 поена, како и Шендрит Деари со шест поени на 1.219 место.