Јотовски повторно напредуваше на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постојано напредува на АТП листата, па така неговата нова рекордна позиција е 532-ра.

Јотовски за само една недела успеа да се искачи цели 32 места, благодарение на пласманот во полуфиналето на турнирот во Кисељак, БиХ.

Со напредок на АТП листата може да се пофалат и Стефан Мицов, кој забележа прогрес од 337 позиции (1406 место) и Шендрит Деари (1395 место).

Димитар Грабул и Бесир Дургути останаа на своите места, 681-во односно 1400-то.