![jovan-i-rubin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/jovan-i-rubin.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Јован Митревски е нов координатор на пратеничката група на СДСМ. Митревски, кој досега беше заменик-координатор, доаѓа на местото на Томислав Тунтев.
Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев кој ќе биде нов директор Агенцијата за цивилно воздухопловство. Нов заменик-координатор е Соња Мираковска од НСДП.
На пратеничкото место на Тунтев доаѓа советникот на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон. Денешната седница на која што треба да се расправа за уставните измени е одложена за 16 часот за да може ДИК да констатира дека Земон е новиот пратеник.