Јовановиќ: Мислев дека ‘метлата’ ќе ги фати оние кои местеа милионски тендери

По одлуката да биде сменет министерот за финансии, Драган Тевдовски и неговата функција да ја преземе премиерот Зоран Заев, во јавноста се огласи довчерашниот советник во министерството, Бранимир Јовановиќ.

Тој искажа чудење од одлуката еден од сменетите министри да биде токму Тевдовски, затоа што, како што вели, сметал оти смени требало да има за оние коишто работеле за личниот, а не за јавниот интерес.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа… Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде.