Перјаникот на опозициската СДСМ, Борјан Јовановски денес преку статус на својот Фејсбук профил распали по Катерина Цаневска, портпаролката на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Јовановски преку статус на Фејсбук директно ја обвини Цаневска дека ја злоупотребува општина Центар за свои лични интереси и воедно ја повика да престане да го прави тоа.
Од досегашните коментари под неговиот статус може да се процени дека на пошироката јавност не и е познато за што точно станува збор, но со сигурност може да се каже дека продолжуваат превирањата и несогласувањата во опозицијата.