![dejan-centar-640x326](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/dejan-centar-640x326.jpg?resize=640%2C326&ssl=1)
Кандидатот за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски секој ден ќе презентира дел од неговата програма со која ја бара довербата пред локалните избори.
-Еден од високите приоритети на кои обрнуваме внимание е хигиената на општината. Ќе направиме ефикасно системско решавање на проблемот и ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните. Дел од она што сакаме да го направиме е реорганизација на општинската комунална служба и обновување на застарената механизација. Ќе поставиме контејнери за примарна селекција на отпадот, а најмалку 50 % од постоечките контејнери ќе ги замениме со подземни. Ќе изградиме канализациони системи, а ќе направиме и реконструкција таму каде што е потребно. Ќе го удвоиме и бројот на улични корпи за отпад, истакна Јовановски.
Кандидатот за градоначалник порача дека Центар мора да биде чист.