„Работиме во новата прекрасно опремена клиника веќе 14 месеци. Направивме 470 операции, од кои 370 кардио хируршки, а 100 се големи васкуларни. Се движиме подобро од очекуваното, но иако сме одлично опремени добро би ни дошол уште малку простор. Имаме две комплетно опремени сали, голема супермодерна интензивна нега од 6 кревети и 10 оделенски кревети. Тоа во секој момент може да биде и полуинтензивна нега, зашто има монитори и сето она што е потребно. Во однос на она што дополнително би било од корист, потребни се уште неколку болнички соби“, истакна Јовев.
Сашко Јовев гостуваше во ОКО со Горан Петревски на ТВ Нова, заедно со неговиот колега Доктор Оливер Зафировски, директор на детска клиника Козле.