Јавниот обвинител Љубомир Јовевски на брифинг со новинарите рече дека обвинителството истражува кој и зошто ги снимал сите повици кои што се вршеле преку фискната телефонска линија во зградата на обвинителството.
Во собата каде што е вграден системот на фиксната телефонија биле пронајдени два хард дискови, на кои што биле снимени сите телефонски разговори од септември 2016 се додека не биле пронајдени пред неколку денови. Јовевски рече дека ќе се истражува дали и во претходниот период, пред обвинителството да се пресели во новата зграда, исто така биле снимани разговорите. Истрагата исто така ќе треба да утврди дали, евентуално снимените разговори од претходниот период, биле ископирани од хард дисковите или пак биле избришени автоматски, како и тоа дали некој ги искористил снимените разговори за било какви цели.