Денес потпишавме договор за соработка со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ФК „Вардар“, објавија од јавното претпријатие ПОЦ.
Со овој договор, ЈП ПОЦ обезбедува бесплатно паркирање на територијата на општина Центар за сите тренери и активни спортисти од ФК „Вардар“.
Поддршката за развој и унапредување на спортот е важна за спортските клубови, но и за сите нас како граѓани на Македонија, со оглед на тоа што спортот е еден од најзначајните амбасадори на секоја држава.
На фудбалерите на Вардар им посакуваме многу победи во иднина, а граѓаните ги повикуваме сите утре да ги бодриме на натпреварот против ФК Копенхаген во Лигата на шампионите.