„ЈП Улици и патишта“ биле експертите што асфалтираат дрвја

Фотографија со дрво, до половина асфалтирано, без можност никако да се наводнува, едно од петнаесетте во близина на скопскиот хотел „Александар Палас“ беше главна забава на социјалните мрежи деновиве, денеска Градот скопје во одговор за „Нетпрес“ потврди дека изведув ач на патеката е „ЈП Улици и патишта“.

Објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот, посочија од Град Скопје и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“.

Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено. Ова се гледа и на фотографиите од финалниот изглед од новата велосипедска патека на посочениот потег на булеварот „8-ми Септември, рекоа од Град Скопје.

 

Меѓутоа денеска повторно граѓаните беа активни на социјалните мрежи загрижени дека дрвјата се затруени од асфалтот што содржи нафта, а и тврдат дека некои дрва се оштетени од преработката  на патеката.

Вело патеките ги изведува ЈП Улици и патишта, и при асфалтирањето на посочениот дел , технолошкиот процес го спровеле целосно и веднаш по завршувањето, стеблата на трасата биле ослободени и направени се жардињери. Првичните согледувања укажуваат дека нема штетни последици по садниците и најверајатно нема да се случи никаква штета по вегетативниот развој на дрвјата, велат од Градот Скопје за „Нетпрес“.